Том Круз ќе снима филм во вселената, заедно со режисерот Даг Лиман. Се зборува дека Круз и Лиман го контактирале Universal Filmed Entertainment Group (UFEG) околу идејата според која актерот ќе полета со ракета до Меѓународната вселенска станица.
„Мислам дека Том Круз може да нè води во вселената, тој го води светот во вселената. Тоа е планот. Имаме прекрасен проект во развој со Том. Летот со ракета до вселенската станица и снимање“, изјавила претседателката на IFRG, Дона Лангли за „BBC News“.
Ленгли открила дека поголем дел од филмот ќе се сними на Земјата, а ќе кулминира со заминување на ликот во вселената за да го спаси денот, додавајќи дека Круз ќе стане првиот цивил којшто ќе прошета во вселената надвор од вселенската станица.