Актерот Џејсон Момоа ги изненади сите во емисијата на Џими Кимел. По примерот на еден од своите ликови, во студиото влезе во розов долг капут и виолетово свилено одело. Се почести и со пиво.
Имаа интересен разговор со Кимел, а кога дојдоа до тетоважите, стана и почна да се соблекува. На крајот остана само во танга. Момоа објасни дека тоа е традиционална хавајска облека и дека е многу удобна. Рече и дека цело време ја носел со себе.