Читач од усни откри што рече кралот Чарлс Трети за време на посетата во Јорк, кога го маваа со јајца. Во средата, на 9 ноември, Камила и Чарлс го посетија Јорк за време на традиционалната церемонија во северна Англија, а еден маж фрли јајца кон нив.
Откако беше уапсен, професионален читач од усни откри што рече британскиот крал по инцидентот. Непознатиот маж фрли четири јајца, но ги утна, а потоа се слушна како вика дека земјата била изградена на крвта на робовите. Во тој момент полицајците го легнаа на земја и го уапсија.
Додека едни викаа Боже чувај го кралот, други гласно скандираа „Срам да ти е“. Се чини дека инцидентот не им пречеше на Чарлс и Камила па продолжија да се поздравуваат со собраната толпа луѓе. Потоа Чарлс се сврте кон дамата во воена униформа и ѝ рече дека сè е во ред и дека може да продолжат понатаму.
Неколку секунди подоцна го праша еден од полицајците дали е сè во ред, а тој му одговори дека бил загрижен. За потсетување, Чарлс Трети на престолот дојде по смртта на неговата мајка кралицата Елизабета, а во моментов е на дводневна турнеја по северна Англија.