Магазинот „Џи -кју“ ја прогласи Бела Хадид за жена со најдобар стил во светот

Бела Хадид е макенекна со најдобар стил, објави списанието „Џи-кју“. Манекенката во 2019 година беше прогласена за најубава.
.
Жирито ја прогласи за победничка познатата манекенка со објаснување дека одлично знае да комбинира различни модни стилови, па дури и машка облека.

„Малку луѓе можат да носат сѐ, и тоа успешно, а меѓу нив е и Бела Хадид. Едноставно, убаво ѝ стојат стилизирани кроеви, спортска облека, машки парчиња, а и никогаш нема дилема дека нема да може да ѝ претстави нешто на публиката“, наведуваат од списанието.

Супермоделката неодамна имаше импресивен настап на модна ревија во Париз, кога се појави по гаќички, а дизајнерите пред публиката создадоа уникатен бел фустан од брендот „Копернија“, со помош на спреј врз телото на моделката.

Scroll to Top