Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, облечена во народна носија дојде во Катар да ги бодри хрватските фудбалери на мечот против Египет. Носијата беше карактеристична за местото Посавина и е направена од крут, тежок памук во беж боја, со надуени ракави и црвени украси.
„Дрес кодот на свечената платформа дозволува свечено одело или традиционална облека, односно народна носија. Инаку, таквкото правило се практикува и во дипломатијата. Народната носија е многу прифатен начин на облекување во свечени прилики. Така што ќе ме видите и во типични хрватски и црвено-бели комбинации и костими или комбинации, што мислам дека е одлична промоција на Хрватска. На крај, зошто да се мешате кога можете да се истакнете? Ова важи и за државите и за поединците“, рече Колинда таа за Дневникот „Нова ТВ”.
View this post on Instagram
За потсетување, Колинда се најде во центар на внимание и на минатото Светско во Русија во 2018 година, кога ги бодреше фудбалерите со дрес на Хрватска. Друштво тогаш и правеше францускиот претседател Емануел Макрон. Натпреварот меѓу Хрватска и Египет заврши со победа на „коцкастите“ со 4:1.