Турски коментатор доби отказ на полувреме на натпревар на Светско

Турскиот коментатор Алпер Бакирчигил доби отказ на полувремето на натпреварот меѓу Мароко и Канада. Тој коментираше за турската телевизија „ТРТ“, а отказ заработи затоа што го спомена името на легендарниот фудбалер на Туриција Хакан Шукур.

Додека го коментираше натпреварот Бакирчигил, инспириран од голот на Хаким Зијех за Мароканците, Бакирчигил го спомена и голот на Хакан Шукур во 2002 година на Светското во Јужна Кореја, кој е и најбрз во историјата на ова натпреварување. Шукур даде гол за само 11 секунди.

Откако го спомена неговото име, почнале притисоците врз Бакирчигил. Тој издржа до полувреме, а потоа бил сменет со друг негов колега. Алпер на „Твитер“ објави што му се случило и како заработил отказ. За потсетување, Шукур во моментов е во егзил и е во немилост на турските власти.

Владата во Турција под команда на Реџеп Таип Ердоган го прогласи Шукур за предавник откако тој јасно се декларираше дека е приврзаник на лидерот на опозицијата Фетулах Ѓулен. Таканаречените ѓуленисти беа обвинети за обид за државен удар и беа прогласени за терористи и потоа и масовно затворани.

Шукур побегна во САД и живее во Њујорк, а сите почести, признанија, титули и успеси во Турција му беа поништени.

 

Scroll to Top