Бузалковски стана единствениот Македонец со три освоени титули на Европскиот шампионат во мотоциклизам

Христијан Бузалковски, македонскиот претставник на БМУ Европскиот шампионат во класата F600, ја одбрани титулата која ја освои минатата година.  Како што беше најавено
на почетокот на сезоната, целта уште од првата трка беше освојување на титулата. Со освоената титула, Бузалковски стана единствениот Македонец со 3 освоени титули на БМУ Европскиот шампионат, една во категоријата до 125 кубни сантиметри и две во класата до 600 кубни сантиметри.

Христијан тоа го оствари со освоени 10 први места од 12 трки. Христијан Бузалковски на финалниот пласман заврши со 250 поени, пред Муамар Карајака од Турција кој заврши како втор со 180 поени, додека на трето место заврши Ангел Анев Траков од Бугарија со 176 поени.

Младиот и успешен мотоциклист и покрај тешките предизвици во кариерата, не престанува да ја докажува својата супериорност во брзински мотоциклизам, па така за наредната сезона заедно со својот тим ,, 71 Team’’, се подготвуваат да направат уште еден чекор напред во неговата кариера.

Оваа сезона нашиот најдобар моторциклист за последен пат се натпреваруваше во натпреварувачката класа до 600 кубни сантиметри. Следен чекор во неговата кариера ќе биде
настап во повисоката класа до 1000 кубни сантиметри.



Scroll to Top