Оригинален рецепт за ванилици

Потребни состојки:

250 грама маст или путер;
500 грама брашно;
4 јајца;
100 грама мелени ореви;
Лимон;
Џем од кајсии;
250 грама шеќер;
Шеќер во прав

Начин на подготовка:

Пенесто изматете го путерот или маста, додадете една жолчка и едно цело јајце, шеќер во прав по вкус и сок од цел лимон. Додадете брашно и замесете тесто, па развлечете кора со дебелина од 5 милиметри. Ванилиците вадете ги со помала модла или со мала чаша.

Изматете 2 белки и секоја ванилица потопете ја во белките, па во мелени ореви. Распоредете ги ванилиците во плех и ставете ги во загреана рерна да се печат, но внимавајте да останат бели, т.е. да не поруменат. Кога ќе се испечат, секоја од ванилиците премачкајте ја со џем и спојте две. Додека ванилиците се топли извалкајте ги во шеќер во прав.

Scroll to Top