Врската на Бред Пит со 30 години помладата финес-инструкторка не е сериозна, тврди близок пријател на парот

Веќе подолго време се шпекулира за потенцијална романса помеѓу Бред Пит и 29-годишната фитнес инструкторка Инес де Рамон. Во интервју за магазинот „Пипл“, неименуван извор вели дека љубовниците поминуваат повеќе време заедно и дека е само прашање на време кога ќе ја откријат својата романса.

„Сè уште не е сериозно, но тие добро се забавуваат заедно“, открил извор близок до Де Рамон.

Исто така изворот открива дека Пит и Инес можно е новогодишната ноќ да ја поминат заедно

Да потсетиме, Пит и 30 години помладата Инес наводно биле во врска неколку месеци, а се запознале преку заеднички пријатели.

Тие беа видени заедно во јавноста за прв пат кон крајот на минатиот месец кога беа фотографирани на концертот на Боно во Лос Анџелес.

Scroll to Top