Хотел со ледени скулптури е отворен во Шведска. Хотелот „365“, се гради и реконструира од 1989 година.
Хотелот е сместено во селото Јукасјерви, 200 километри северно од Арктичкиот Круг.
Овој хотел секоја година се реконстуира, а во неговата изградба на 33.издание учествувале 24 -ца уметници од десет земји. Хотелот има 13 уникатни апартмани, од кој еден е луксузен.
Температурите во хотелот се одржуваат на -5 Целзиусови степени. Од хотелот препорачуваат да се остане една ноќ во ледена соба, а остатокот во придружните топли соби.