Поранешниот американски претседател Барак Обама објави список од неговите најдобри филмови за 2022 година. Меѓу нив се најдоа „Топ Ган: Маверик“, „Жената крал“ и „Одлука за заминување“.
Најмногу внимание кај фановите предизивка „Емили Криминалката“. Станува збор за трилер во кој е прикажана Емили Бенето, која ја глуми Обра Плаза. Емили е жена во долгови која се обидува да ги исплати студентските заеми, но не може да најде добро платена работа заради осудата за кривично дело.
Работејќи како доставувач за храна, Емили едвај врзува крај со крај, додека една од нејзините колешки не ја поврзе со купец кој се занимава со нелегален бизнис и кој ќе ѝ вети работа од 200 долари на час. На крај ќе открие дека станува збор за ланец на измами со кредитни картички.
Поради овој избор, твитерџиите го критикуваа и правеа мемиња на негова сметка. За некои од нив филмот ја прикажува лошата и финансиска неодржлива економија која ја создала администрацијата на Обама.
„Обама ја гледа „Емили Криминалката“, филм во кој е прикажан очајот на американскиот капитализам, поради кои луѓето се во долгови. Емили има шеф кој птсетува на Обама. Иронично е тој да го гледа ова. Избрал филм кој зборува за реалната состојба која ја создаде како претседател“, му коментираа тие.
Obama watching Emily the Criminal, a film about the despair of American capitalism and debt leaving people to despair pic.twitter.com/S11q8GcmnT
— Cazzy Star (@Cazzy) December 23, 2022