Бившата спајсица Мелани Си го откажа концертот во Полска за Нова година

Бившата членка од групата „Спајс Грлс“, Мел Си, го откажа концертот во Полска за Нова година. Иако не откри зошто го откажала, многумина шпекулираат дека е заради слабата заштита на ЛГБТ заедницата во земјата, група која пејачката ја поддржува.

„Во момнтов работам на некои проблеми кои не се во согласност со заедниците кои ги поддржувам и затоа се плашам дека нема да можам да настапам во Полска за дочекот на Нова година како што планирав. Се надевам дека за брзо ќе се вратам“, рече Мелани.

За потсетување, Полска ја има најлошата заштита на ЛГБТ заедницата од сите земји во Европската Унија.

 

Scroll to Top