Џерард Пике реагираше на новата песна на Шакира. Пејачката неодамна го промовираше спотот во кој му порача дека заменил „ферари“ за „твинго“, а тој ѝ врати на „Твитер“ со емотикон кој претставува циркус.
Колумбијката во новата песна ги исмеа Пике и неговата нова девојка, а фановите коментираа дека никогаш не била толку сурова кон бившиот и дека навистина сакала да го повреди со песната.
„Волчица како мене не е за дечиња како тебе. Те надраснав, па затоа си најде девојка која е иста како тебе. Јас вредам колку две 22-годишни. Ти посакувам сè најдобро со мојата замена, ама ти замени ‘ферари’ за ‘твинго’, замени ‘ролекс’ за ‘касио’… Цело време вежбаш, можеби треба да го повежбаш малку и мозокот“, пее Шакира.