Рецепт за потпечено пилешко со кускус

Состојки за кускус со пилешко:
450 гр пилешки месо, 375 мл пилешки супа, 180 гр кускус, 120 гр замрзнат грашок, 50 гр суви домати, 2 лажички ким во прав, 2 лажички мелен ѓумбир, 1 лажица путер, 1 тиквичка, 1 среден кромид, 1-2 чешниња лук, сол и бибер по вкус, масло за готвење.

Подготовка:
Втријте голема количина сол и бибер во пилешките батаци. Во тава загрејте малку масло и пржете го пилешкото од секоја страна околу 6 до 8 минути, односно додека не се обработи термички до крај. Извадете го пилешкото од тавата. Во тавата додадете путер и со малку сол пропржете го ситно исечканиот кромид. Се динстаат околу две минути додека кромидот не омекне. Додадете го сечканиот лук и пржете сè заедно околу една минута. Додадете кускус, сечкани сушени домати, грашок, ким и ѓумбир. Промешајте и оставете ги зачините да се потпечат со кускусот околу три минути. Истурете се заедно со загреаната пилешка супа и ренданите тиквички. Покријте ја тавата и исклучете го шпоретот. Оставете го кускусот да ја впие целата течност. Ќе ви требаат околу пет до седум минути. Послужете веднаш со печено пилешко.

Scroll to Top