Првиот ресторан во форма на Месечина ќе се отвори во Дубаи, најави компанијата со седиште во Канада која планира да изгради неколку „Мун“ ресорти.
Додека се финализираат плановите за ресортот во Дубаи, од компанијата проценуваат дела изградбата ќе трае пет години.
Ресортор со изглед на Месечината, ќе биде висока 222 метри, ќе ги содржи сите поволности кои се очекуваат од едно луксузно летувалиште. Проектот е во вредност од 5 милијарди долари и ќе вклучува искуства од типот на лунарна колонија и површината на Месечината, наменети за популаризација на вселенскиот туризам на Земјата.
Како што велат основачите на компанијата, Сандри Метјуз и Мајкл Хендерсон, кога ќе биде завршен, ресортот ќе може да прими до 10 милиони посетители годишно.
Планирани се уште четири вакви ресорти во форма на Месечина да бидат изградени во Северна Америка, Европа, северна Африка и во Азија.