Состојки:
400 гр брашно, 130 гр бадеми, 100 гр кафеав шеќер, 120 мл масло, 120 мл млеко, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за пециво
Додаток:
25 цели бадеми
Подготовка:
Бадемите сомелете ги или ситно исечкајте ги.
Во сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги бадемите, маслото и млекото и убаво измешајте со раце.
Земете ја смесата со лажица, а потоа со дланките формирајте топчиња со големина на орев, ставете ги на плех покриен со хартија за печење и во секое топче притиснете по еден бадем.
Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. После тоа време извадете ги од рерна, почекајте да се изладат, па послужете.