На железничка станица во Индија, на еден од телевизиските екрани на платформата, било пуштено порно во етер. Снимката одела додека стотици патниците, меѓу кои и жени и деца на перноите чекале воз.
Настанот се случил на станицата Патна во Калкута, а од Индиската железница рекоа дека поднеле кривична пријава против приватна компанија за пуштање експлицитна снимка.
Видеото траело околу три минути, а било прекинато откако неколкумина од патниците се пожалиле на одговорните. Агенцијата со седиште во Калкута, добила договор за емитување реклами на екраните, кои се користат за објавување на пристигнувањето и заминувањето на патничките возови.
— zoranceran (@zoranceran2) March 22, 2023
„Железниците го раскинаа договорот со агенцијата и повикаа на понатамошна истрага за случајот“, изјави претставник на Индиските железници.
Оттаму велат дека во тек е темелна истрага за случајот, а побарано е од комерцијалниот оддел трајно да ја стави агенцијата на црна листа. Индиските медиуми објавија дека раскрсницата Патна била во вестите за прикажување порно филмови на ТВ екраните и во средината на 1990-тите