Состојки:
2 тиквички со средна големина, 5 чешниња лук, сол, бибер, оцет, масло, прстофат копар
Подготовка:
Тиквичките излупете ги и исечете ги на коцки, а потоа посолете ги и оставете ги да се исцедат неколку минути, па исцедете ги.
Во тавче на умерена температура загрејте неколку капки масло, а потоа додадете ги сечканите тиквички. Покријте и оставете ги тиквичките да се динстаат. Мешајте повремено.
Тиквичките треба да омекнат, а не да се распаѓаат. Откако ќе омекнат, повторно процедете ги од водата што ја пуштија при динстањето.
Лукот ситно исечкајте го и истурете го во тиквичките, додадете половина лажичка масло и малку оцет. Сол, бибер, додадете прстофат копар, па сè добро измешајте.
Оставете ја салатата од тиквички да се излади на собна температура, па ставете ја во фрижидер. Послужете ладно.