(Фото) Бен Афлек се крие од Џенифер Лопез додека се шетаа со децата и мајките во парк

Бен Афлек и Џенифер Лопез за Денот на мајката беа на прошетка со нивните мајки и деца. Папараците ги снимија нерасположени. Лопез беше лута, а Афлек нервозен. Двајцата беа лежерно облечени, а минувачите подоцна забележаа дека постои напнатост меѓу двајцата.

Џенифер не можеше да сокрие дека е лута, а Бен нервозно целото време се обидуваше да ја избегне средбата со папараците, но и да избега од сопругата. Последните денови двајцата беа видени неколку пати како се расправаат на јавни настани. Прво на премиерата на нејзиниот нов филм „Мајка“, а потоа и во автомобил додека чекаа на семафор.

Познато е дека Бен не ги сака папараците, јавните настани и премиерите, а тоа беше проблем и пред 20 години кога за првпат беа заедно. И тогаш сите зборуваа како Џенифер му наредува како да се однесува и облекува, па затоа и се оставија, а Бен ја раскина свршувачката.

(Видео) Бен Афлек ѝ ја тресна вратата па ѝ викаше на Џенифер Лопез во автомобилот

 

Scroll to Top