Силвестер Сталоне сними свое реално телевизиско шоу „Семејството Сталоне“, кое почна да се емитува од денес а Paramount+. Легендарниот актер ги намести камерите во неговиот дом и тие ги следеа сите случувања во неговото семејство. Шоуто му е слично на она што го прослави семејството Кардашијан.
Во трејлерот актерот е претставен како обичен маж, па гледачите ќе можат да го гледаат како ја чешла својата мачка, се дружи со пријателите и им дава совети на ќерките.
Во шоуто, Сталоне поголемиот дел од времето го поминува со ќерките Софија (26), Систин (24) и Скарлет (20), на кои постојано им држи лекции за љубовниот живот, односно се труди да ги задржи колку е можно подалеку од мажите и им дава воена обука, лекции за пушење пури и разни совети за животот.
Фокусот на шоуто не е само на Сталоне, туку и на неговите ќерки кои се претставени секоја на свој начин. Софија е претставена како срцето на семејството, Систин е онаа што сака да ризикува, а Скарлет е ги краде сцените. Исто така тука е и сопругата на Сталоне, Џенифер, со која е во брак 26 години.
Во семејството ја нарекуваат кралица.