Силвестер Сталоне сними реално шоу во кое им дава љубовни совети на ќерките

Силвестер Сталоне сними свое реално телевизиско шоу „Семејството Сталоне“, кое почна да се емитува од денес а Paramount+. Легендарниот актер ги намести камерите во неговиот дом и тие ги следеа сите случувања во неговото семејство. Шоуто му е слично на она што го прослави семејството Кардашијан.

Во трејлерот актерот е претставен како обичен маж, па гледачите ќе можат да го гледаат како ја чешла својата мачка, се дружи со пријателите и им дава совети на ќерките.

Во шоуто, Сталоне поголемиот дел од времето го поминува со ќерките Софија (26), Систин (24) и Скарлет (20), на кои постојано им држи лекции за љубовниот живот, односно се труди да ги задржи колку е можно подалеку од мажите и им дава воена обука, лекции за пушење пури и разни совети за животот.

Фокусот на шоуто не е само на Сталоне, туку и на неговите ќерки кои се претставени секоја на свој начин. Софија е претставена како срцето на семејството, Систин е онаа што сака да ризикува, а Скарлет е ги краде сцените. Исто така тука е и сопругата на Сталоне, Џенифер, со која е во брак 26 години.

Во семејството ја нарекуваат кралица.

Scroll to Top