Претставата „Анатомија на неверството” од Театар Комедија ќе гостува во Словенија. Претставата во режија на Александра Кардалевска која минатата сезона имаше голем успех на домашните и меѓународни фестивали, сега Театар Комедија ќе има прилика да ја прикаже извонредната игра на актерите Жаклина Петровска и Тони Денковски пред словенечката публика во Нова Горица на 31. мај и во Крањ на 2. јуни.
„Низ неколку засебни сцени во кои истите актери толкуваат различни карактери, претставата зборува за неверството, бракот и воопшто машко-женските односи. Движејќи по тенката линија на сарказмот и апсурдот, приказната ги поставува сите ликови во парадоксални состојби кои истовремено создаваат и хумористични и драматични ситуации“, соопштија од Театар Комедија.