Ар-ен-би ѕвездата Бијонсе синоќа одржа концерт во Париз во рамките на турнејата, кога на својата публика и приреди изненадување.
Додека пееше еден од нејзините хитови, на сцената се појави нејзината единаесетгодишната ќерка Блу Ајви, а публиката врескаше едногласно.
Блу Ајви почна да танцува на сцената со танчерите и нејзината мајка. Опушетна и слободна на сцена ја освои публиката. Таа носеше сребрен костим, сличен на оној што го носеше Бијонсе.
Видеото кое се појави на социјалните мрежи брзо се прошири, а коментарите се дека Блу Ајви ќе биде поголема ѕвезда од нејзината мајка.
BEYONCÉ BROUGHT OUT BLUE IVY OMFG ICONIC😭😭😭😭😭 pic.twitter.com/dgX4Jt10yg
— 𝗱𝗮𝗻𝗻𝘆🫧💚 (@beyoncegarden) May 26, 2023