Фудбалерот Лука Модриќ на Инстаграм со своите 30,9 милиони следбеници сподели фотографии од роденденската забава за 13. роденден на неговиот син Иван. Роденденската забава за Иван била тематска и поврзана со фудбалот.
Дел од роденденската сценографија била Златната топка што Лука ја освои во 2018 година за најдобар играч на сезоната. Од десната страна е трофејот на УЕФА Шампионската лига што Лука го освои пет пати со Реал Мадрид. Во позадина има графики и балони во сини тонови. Модриќ објави фотографии заедно со синот, ќерките Софија и Ема, и сопругата Вања.
View this post on Instagram
„Среќен роденден на моето големо момче. Те сакам многу” напиша Лука на англиски, а на честитките се придружија и следбениците и колегите фудбалери.
Според објавите на Лука на социјалните мрежи, јасно е дека семејството и фудбалот се двете најважни работи во неговиот живот, иако фудбалските објави се многу почести, тој често споделува фотографии со семејството и опишува колку му значат.