Актерот Јоан Грифид ја обвини бившата сопруга Алис Еванс за клевета, кога го обвинила на социјалните мрежи дека ги злоставувал нивните деца. Грифид рече дека ја користела и ќерка им Ела за да го намести.
Тој исто откри и дека Алиса го навредувала пред Ела ѝ дека во една прилика му го покажала и задникот кога дошол да ги земе децата.
Неодамна, Ела го обвини татко ѝ и неговата девојка, австралиската актерка Бјанка за злоставување. Рече дека Бјанка ѝ ја треснала вратата од глава по една нивна жестока расправија додека се обидувала да побегне од дома. Тоа и оставило модрици. Брзо потоа Алис побарала забрана за приближување за Грифид и Бјанка до Ела. Актерот објасни дека Ела само истурила млеко и сенф на неговиот кревет по расправијата.
За потсетување, семејната драма започна уште во 2021 година кога Грифид побара развод од сопругата по 14 години брак. Потоа следеше тежок развод и битка за старателство над Ела и нејзината помлада сестра Елси.