Згодни чуварки се осудени затоа што имале секс со затвореници

Велика Британија ја тресе голем секс скандал. Во познатиот затвор ХМП Бервин, кој се наоѓа во Рексам, Северен Велс, четири затворски чуварки имале секс со некои од затворениците.

Поранешниот затвореник Алекс Коксон имал секс со една од чуварките Џенифер Гаван. Наводно таа му прошверцувала и мобилен телефон заради кој и завршила на суд. Коксон одлежал осум години за два грабежи, но добил десет месеци повеќе заради мобилниот кој му го дала Гаван.

Гаван која е мајка на едно дете, наводно се заљубила во Коксон и му праќала сексуално експлицитни видеа на телефонот што претходно му го прошверцувала за 150 фунти. Пред судот е соопштено дека пред да биде фатена е видена како се обидува да го сокрие и да му го даде телефонот на друг затвореник.

Во декември беше осудена на осум месеци затвор за злоупотреба на службената положба.

Коксон рече дека затворот бил управуван од корумпиран персонал и дека го воделе банди кои ги принудувале ранливите затворски службеници на сексуални активности.

Поранешниот главен инспектор на полицијата на Големиот Манчестер, Џон Батрес објасни дека во затворот се регрутирале работници без никакво искуство и дека им биле нудени високи плати. Затоа во затворот имало неискусен и необразуван персонал кој не можел да се справи со затворениците.

„Луѓето кои го водат затворот се аматери и не ги разбираат со какви затвореници имаат работа. Нема кадар кој може да се справи со нив. Затворениците знаат да бидат манипулативни. Тие се затворени во ќелиите по 18 часови на ден и немаат ништо подобро да направат од тоа како да ги манипулираат затворските службеници, а потоа и уценуваат. Прво почнуваат со нешто мало како картичка за мобилен. Откако ќе им го однесат почнуваат уцените, па чуварот е обврзан да им носи што ѝ да му побараат“, рече Батрес.

Пет месеци откако затворот беше отворен во 2017 година, затворската службеничка Емили Вотсон (26) договорила најмалку три средби со осуденикот Пол Мекги. Станува збор за дилер на дрога, кој издржувал осумгодишна затворска казна поради предизвикување сообраќајна несреќа.

Во сообраќајката загинал човек кој бегал од полицијата. Вотсон и Мекги почнале да комуницираат на „Инстаграм“ преку неговиот Ајфон кој го криел во ќелијата во конзола за видео игри.

Имале виртуелен секс преку апликација, а надзорната камера ја снимила три пати како ја посетува ќелијата на Мекги. Наводно имале секс во неколку наврати, од кои еднаш и на Божиќ. Вотсон е осудена на една година затвор.

„Новите затворски службеници заработува повеќе од 28.000 фунти. За многумина од нив тоа е прва вистинска работа. Ако една наивна млада жена во затвор го најде вниманието што ѝ недостига, тоа многу брзо може да доведе до несоодветни односи“, рече Батрес.

Меѓутоа, Гаван и Вотсон не биле единствените чувари кои имале сексуални односи со затворениците.

Истата судбина ја доживеала и затворскиот службеник Рокан Вокер (34). Колегите ја фатиле како флертува со затвореникот Даниел Картер, кој знаел да биде доста манипулативен. Таа потоа призна дека се заљубила, но била поштедена од затвор и е осудена на условна казна.

Затворската службеничка Ајша Ган имала само 25 години кога паднала под манипулациите на харизматичниот криминалец Курам Разак. Во 2008 година, Разак е осуден на десет години затвор пред судот во Бирмингем за вооружен грабеж, а во 2015 година добил 12 години за грабеж.

Ган и Разак започнале врска во 2018 година. Размениле 1.200 телефонски повици, вклучително и експлицитни видео повици, а чуварката прошверцувала и пар нејзини гаќички во ќелијата.

Била осудена на 12 месеци затвор. Министерството за правда објави дека повеќе од 500 вработени во затворот добиле обука за спречување на корупцијата во последните 18 месеци.

Инвестицијата од 100 милиони фунти во безбедноста се вели дека веќе спречила повеќе од 20.000 обиди за шверц на стока во затворите низ целата земја.

„Огромното мнозинство од вработените во затворската служба се вредни и чесни, но ние правиме повеќе од кога било да го фатиме оние малкумината што ги прекршуваат правилата“, рече портпаролот на затворската служба.

Затворот се наоѓа на прострниот индустриски имот во Рексам, Северен Велс и станува збор за најсовремениот затвор и место за рехабилитација за повеќе од 2.100 затвореници со среден ризик. Беше отворен во 2017 година за сума од 250 милиони фунти.

Откако е отворен, од него биле отпуштени или заработиле отказ осумнаесет чувари затоа што имале секс со затворениците.

Scroll to Top