Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер на тенискиот турнир во Велика Британија, Вимблдон, го прекршил кралскиот протокол. Медиумите пренесоа дека го прекршил кралското правило и дека откако ја бакнал сопругата, ја фатил Кејт Мидлтон за струкот и сакал да ѝ го стори истото и на неа.
Тоа е строго забрането, а контакт со кралското семејство е дозволен само ако член од семејството прв пружи рака, па така Федерер се најде во непријатна ситуација. За потсетување Федерер го следеше мечот меѓу Елен Рибакина и Шелби Роџерс, а како покровител на турнирот таму се најде и принцезата од Велс.
Федерер важи за обичен човек кога во прашање е секојдневната комуникација, но токму поради тоа деновиве е мета на мали критики.
Eight-time champion Roger Federer received a warm welcome from the audience as he joined Kate, the Princess of Wales, and his wife Mirka for Day 2 of Wimbledon. https://t.co/cjF5E2sKS5 pic.twitter.com/w7xcTzBANO
— Good Morning America (@GMA) July 5, 2023