(Видео) Федерер на Вимблдон го прекршил кралскиот протокол

Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер на тенискиот турнир во Велика Британија, Вимблдон, го прекршил кралскиот протокол. Медиумите пренесоа дека го прекршил кралското правило и дека откако ја бакнал сопругата, ја фатил Кејт Мидлтон за струкот и сакал да ѝ го стори истото и на неа.

Тоа е строго забрането, а контакт со кралското семејство е дозволен само ако член од семејството прв пружи рака, па така Федерер се најде во непријатна ситуација. За потсетување Федерер го следеше мечот меѓу Елен Рибакина и Шелби Роџерс, а како покровител на турнирот таму се најде и принцезата од Велс.

Федерер важи за обичен човек кога во прашање е секојдневната комуникација, но токму поради тоа деновиве е мета на мали критики.

Scroll to Top