Освежителен колач со авокадо со лимета

Состојки:

(за основа)

– 150 гр ореви (по желба), натопени во вода најмалку осум часа

– 150 гр урми

– 5 лажици кокосово брашно

– 1 прстофат сол

(за крем)

– 3 зрели авокада

– 250 гр јогурт од кокос

– 50 мл мед

– 1 1/2 лажици кокосово масло

– 60 мл свежо исцеден сок од лимета

– рендана кора од 1 лимета

Подготовка:

Намачкајте ја тавата за колачи со кокосово масло. За подлогата крупно исечкајте ги натопените ореви. Додадете ги урмите, кокосовото брашно и солта, па мешајте додека се убаво да се соедини и смесата да стане густа.

Со раце цврсто притиснете ја смесата во калапот за колачи. Стави на страна.

Ставете ги авокадото и кокосовиот јогурт во блендер или процесор за храна и измешајте додека не се изедначи.

Додадете мед, кокосово масло, сок и кора од лимета и мешајте додека смесата не стане кремаста,

Истурете ја смесата врз основата и ставете ја тортата во замрзнувач да се стегне околу час или два.

Извадете ја тортата од замрзнувачот 15 до 20 минути пред послужување.

Scroll to Top