Роџер Федерер на пензиски одмор во Хрватска со семејството

Швајцарски тенисер, Роџер Федерер, со своето семејство ужива на одмор во Хрватска. Тој е смесетн во Националниот парк „Крк“, заедно со сопругата Мирка и нивните четири деца.

Јадранската ривиера е честа дестинација на познатите спортисти, а неодамна со семејството во Хрватска беше и Новак Ѓоковиќ.

Познато е дека Швајцарецот е заљубен во хрватското крајбрежје бидејќи ова не епрво летување со земејтвото во Хрватска.

Хрватските медиуми пишуваат дека ретко кој успеал да го препознае тенисерот, затоа што тој скромно и без голема помпезност ужива во својот одмор. Федерер престојува во луксузен хотел, но немал никакви специјални барања за него и членовите на семејството.

Неколку новинари и папараци успеале да направат неколку фотографии во хотелскиот комплекс, а регионалните медиуми веднаш ги споделија фотографиите.

Роџер Федерер важи за еден од најдобрите тенисер на сите времиња. Својата кариера ја заврши во 2021 година, а во богатата колекција има дваесет Грен-Слем титули.

Scroll to Top