Иако датумите на турнејата со која би прославувале четириесет години кариера се одложени, Мадона уживала на концертот на Бијонсе во Њу Џерси.
Бијонсе ѝ посвети порака за време на изведбата на песната Break My Soul на големото платно на сцената.
„Мајка кралица, Мадона“, пишувало, а поп ѕвездата сподели и на социјалните мрежи.
Покрај тоа, таа објави и фотографии со Бијонсе и нејзините деца.
„Голем поздрав до кралицата. Мајка кралица, Мадона, те сакаме “, изјави Бијонсе од сцената додека пееше споменатата песна, која исто така беше ремиксирана со вокалот на Мадона.
Инаку, менаџерот на Мадона, Гај Озири, минатиот месец објави дека пејачката поминала неколку дена на интензивна нега поради сериозна бактериска инфекција.
Таа неодамна им се обрати на своите фанови и им се заблагодари за поддршката во тешките моменти.
Да потсетиме, турнејата со која таа ќе прославеше јубилеј на сцената и ќе го обиколеше светот, мораше да биде одложена поради нејзиното здравје.