Легендарниот бенд „Ролинг стоунс“ го најави објавувањето на својот прв албум по 18 години. Последниот албум „A Bigger Bang“ го објавија во 2005 година, а сега доаѓа „Hackney Diamonds“. Ова воедно ќе биде и прв албум по смртта на долгогодишниот член на бендот – тапанарот Чарли Вотс.
Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд утре ќе гостуваат во шоуто на познатиот американски водител Џими Фалон, каде официјално ќе го промовираат новиот албум „Hackney Diamonds“ и ќе споделат повеќе детали за него, а шоуто ќе биде и достапни на Јутјуб, пренесува АП.
View this post on Instagram
„Ова е навистина момент што сакаме да го споделиме со обожавателите ширум светот преку Јутјуб“, се вели на официјалната веб-страница на бендот.
Промотивната кампања за новиот албум вклучуваше проекција на познатото лого на бендот, имено испакнатиот јазик и усни, на фасадите на познати згради ширум светот, вклучувајќи ги Лондон, Париз и Њујорк.