Поранешниот шпански фудбалер Џерард Пике и неговата девојка Клара Чиа Марти деновиве се на одмор во Хрватска. Ја изнајмиле јахтата „Азимут“, а папараците ги снимија додека сурфаа во близина на Дубровник, а потоа уживаа и во нуркањето. Со нив се и родителите на Пике.
Шпанските медиуми објавија дека со Пике во Хрватска дошле и Жоан Пике и Монсерат Бернабеу и неговиот брат Марк со сопругата Марија Ваљас. За потсетување, Пике и Калра неодамна се всели во куќата која фудбалерот живееше со неговата бивша партнерка Шакира.