Српскиот актер Милош Биковиќ со девојка си Ивана Малиќ го чекаат првото дете, пренесе PulsOnline.rs. Двајцата се веќе неколку години во врска, а веста за бременоста, со месеци ја криеја од јавноста. Ивана е во поодмината бременост, но сè уште не сакаат да излезат во јавноста.
„Ивана се чувствува одлично за време на бременоста и се пресреќни што наскоро ќе станат родители“, открива извор близок до нив.
За потсетување, Милош Биковиќ за прв пат беше виден со Ивана во јавност на премиерата на филмот „Јужен ветер 2 – забрзување“ во 2021 година. Неодамна во медиумите се пишуваше и се шпекулираше дека годинава ќе се венчаат. Ивана е од Црна Гора и е адвокат.