На 20-ти септември на големата сцена, Македонскиот народен театар ќе и оддаде почит на акерката Катина Иванова преку настанот „Во спомен на Катина Иванова“.
„Низ видеа, фотографии и сведоштва на „Во спомен на Катина Иванова“ ќе се присетиме на нејзините реализирани улоги, нејзината насмевка, топол сензибилитет и поддршка која ја даваше“, велат од МНТ.
Инаку Катина Иванова почина минатиот месец на 72 годишна возраст. Таа повеќе од четири децении беше дел од ансамблот на МНТ.