„Во спомен на Катина Иванова“, МНТ ќе и оддаде почит на актерата

На 20-ти септември на големата сцена, Македонскиот народен театар ќе и оддаде почит на акерката Катина Иванова преку настанот „Во спомен на Катина Иванова“.

„Низ видеа, фотографии и сведоштва на „Во спомен на Катина Иванова“ ќе се присетиме на нејзините реализирани улоги, нејзината насмевка, топол сензибилитет и поддршка која ја даваше“, велат од МНТ.

Инаку Катина Иванова почина минатиот месец на 72 годишна возраст. Таа повеќе од четири децении беше дел од ансамблот на МНТ.

Scroll to Top