Рецепт за најпопуларниот коктел во Германија

Џин Басил Смеш е коктел од џин, босилек и свеж сок од лимон, направен по моделот на популарниот Виски Смеш.

Виски Смеш, од друга страна, за прв пат е направен на крајот на 19 век, и е комбинација од лимон, нане, шеќер и мраз.

Варијација на темата со џин ја измислил пред 15 години Јорг Мајер, сопственик на германскиот бар Бар Ле Лајон во Хамбург, кој рецептот го објавил на својата веб-страница.

Со текот на времето, коктелот стана вистински хит меѓу Германците, а потоа и во остатокот од светот. Покрај џин, босилек и лимон, ќе ви треба и едноставен сируп, незаменлива состојка во бројните коктели.

Лесно можете да го направите така што ќе загреете еднаква количина на вода и шеќер и мешајќи додека не се раствори шеќерот. Потоа тргнете го од оган, изладете и употребете по потреба.

Состојки:

8 до 10 големи листови босилек
75 мл џин
22 мл сок од лимон
22 мл едноставен сируп (мешавина од вода и шеќер)
мраз

Подготовка:

Листовите босилек ставете ги во шејкер за коктели и лесно издробете ги.

Додадете го џинот, сокот од лимон и едноставниот сируп во шејкер за коктели. Додадете два грста мраз и протресете.

Напитокот процедете го во чаша полна со мраз. По желба посипете со малку сода вода. Украсете со дополнителни листови босилек.

Scroll to Top