Состојки:
– 350 гр брашно тип 500
– 150 гр јако брашно
– 1/2 лажичка сол
– 2 лажици ванилин шеќер
– рендана кора од лимон
– 4 лажици масло
– 3 dl млака вода
– 15 гр свеж квасец
Фил:
– 450 гр мелени ореви
– 15 лажици џем од кајсии
– 1 лажица ванилин шеќер
Подготовка:
Измешајте квасец, малку шеќер, малку вода и брашно и оставете го да нарасне на топло место.
Истурете ги сувите состојки во садот за матење, измешајте ги, направете вдлабнатина, додадете ги течните состојки и додадениот квасец. Замесете мазно тесто, добро спакувајте го и оставете го да нарасне.
Поделете го на три дела, покријте ги и оставете ги да одморат околу 15 минути. За тоа време направете го филот – соединете ги сите наведени состојки и поделете на три дела.
Секоја кора расукајте ја во правоаголник со приближни димензии 30х25 см, покријте ја со фил и завртете ја штрудлата (на пошироката страна). Штрудлите премачкајте ги со масло и оставете ги да одморат околу 20 минути.
Печете ги во загреана рерна на 180 до 200 степени околу 25 минути.
Изладената штрудла посипете ја со шеќер во прав.