Бракот на Меланија и Доналд Трамп, кој трае од 2005 година, отсекогаш се сметал за контроверзна врска.
Според новото тајно видео, поранешниот претседател на Америка имал повеќе од бизарно и неприфатливо барање до неговата сопруга.
Новите детали станаа познати благодарение на емисијата „NYT/’60 Minutes Australia“, во која се споменуваат разговорите што австралискиот милијардер Ентони Прат ги водел со Доналд Трамп додека тој беше на чело на САД.
Тие нови детали откриваат дека Трамп еднаш побарал од Меланија Трамп да се покаже во бикини за да забавува некои момци кои му биле на гости, пишува ТМЗ, а според овој портал, таа прифатила.
Доналд Трамп отсекогаш бил горд на манекенската кариера на неговата сопруга – тој само најде повеќе од погрешен начин да покаже колку е горд на својата сопруга, судејќи според новото видео.
Снимката открива и дека Прат рекол дека Трамп многу лежерно ги давал државните тајни. Тајмс пишува дека државниот обвинител Џек Смит разговарал со Прат за поранешниот американски претседател.