Ал Пачино мора да плаќа алиментација на партнерката иако се уште се заедно: судот ја одреди сумата

Американскиот актер Ал Пачино ќе мора да и плаќа на својата девојка Нур Алфале повеќе од 30.000 долари месечно за издршка, покажуваат документите до кои дошле медиумите.

Судија во Лос Анџелес ѝ нареди на ѕвездата од филмот „Лице со лузна“ (Scarface) да ѝ плати на партнерката однапред 110.000 долари пред да започне месечни исплати, како и 13.000 долари за ноќна медицинска сестра и да ги покрие сите медицински сметки покриени со нејзиното здравствено осигурување.

И тоа не е се, на Пачино му беше наложено да плаќа 15.000 долари годишно во образовниот фонд за неговиот најмлад син Роман, кој го имал со Нур Алфале.

Судијата пресуди и дека Алфале (29) и Пачино (83) ќе имаат заедничко правно старателство, додека актерот ќе има примарно физичко старателство.

Двојката првпат беше романтично поврзана во април 2022 година, но подоцна беше откриено дека тие се забавувале уште од пандемијата на коронавирус.

Во мај 2023 година, беше откриено дека Алфале е бремена во осмиот месец и го очекува своето прво дете заедно со Пачино, а неговото четврто.

Еден месец подоцна, тие го дочекаа својот прв син Роман. И покрај тоа што тие се уште се пар, Алфале во септември поднела барање за старателство над нивниот син. Сепак, причината за ваквата одлука не е позната.

Scroll to Top