Бредли Купер откри каде ги поминува празниците и со тоа ги изненади сите

Бредли Купер во неговиот нов филм „Маестро“ го глумеше познатиот американски композитор, пијанист и диригент Леонард Бернштајн и откри како со години се подготвувал за улогата.

Актерот откри дека за сцената во која Бернштајн диригира со Лондонскиот симфониски оркестар, вежбал неверојатни шест години, а за подобро да навлезе во својот лик, го запознал и семејството на композиторот.

За време на гостувањето во шоуто на Стивен Колберт, Купер откри како толку се зближил со децата на Бернштајн што решиле заедно да го поминат Денот на благодарноста во Фарфилд, во семејната куќа на Бернштајн.

Инаку, одредени сцени се снимале во семејната куќа на композиторот, а децата на Бернштајн му ја позајмиле на актерот тоалетата на нивниот татко, за се да биде што поверодостојно.

Scroll to Top