Иванка Трамп (42) го помина Денот на благодарноста сурфајќи на симулатор за бранови во виолетов костим за капење.
Ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп сподели фотографии и видео од нејзиното сурфање на Инстаграм со своите 7,5 милиони следбеници.
На првата фотографија Иванка одржува рамнотежа додека стои на симулатор за бранови со насмевка на лицето во едноделен костим за капење од лаванда. На друга фотографија се гледа како таа паѓа од таблата, а на видеото се гледа како маневрира со брановите додека вработен и помага пружајќи ѝ рака.
„Го сакам твојот костим за капење, барем ти падна во стил“, „Има недостиг од вежбање во нашата американска култура и поинспиративни работи како ова“, „Леле, потешко е од тоа што изгледа, браво“, и напишале следбениците под објавата.