Линда Евангелиста важеше за една од најубавите жени во светот и е една од најуспешните манекенки досега.
Денеска има 58 години и ужива во животот, а неодамна откри дека нема момче, и дека веќе некое време не ја интересираат ваквите врски.
„Тоа не ме интересира. Не сакам повеќе да спијам со никого. Не сакам да слушам како некој дише до мене“, изјави таа за „Сандеј тајмс“.
Таа отворено проговори и за проблемите кои ги имала по една естетска процедура, поради кои се криела од јавноста повеќе од две години. Имено, таа се обидела да ослабе со помош на „CoolSculpting“ третмани кои работат на принципот на замрзнување на масните клетки. Но, се имало спротивен ефект и масните клетки и се зголемиле, а лекарите набрзо ја известиле дека деформитетот е траен и дека нема да можат да го поправат.
Линда првично се обвинуваше себеси за сето тоа, но, како што вели, веќе не е така.
„Веќе не се обвинувам себеси. Повеќе не сум сурова кон себе. Уште малку ме вознемирува што мислат луѓето за мене, но порано повеќе ми пречеше“, изјави таа за споменатиот медиум.
„Сега знам дека не направив ништо лошо. Долго време мислев спротивно. Не сум се ослободила целосно од тоа чувство, но напорно работам да се ослободам од вината и срамот. Не дозволувам да ми го уништи животот. Немаше да останам затворена да знаев колку луѓе се грижат“, додала манекенката.