Музичката ѕвезда Мараја Кери минатата година во ова време ја изненади публиката во својата шоу програма по повод новогодишните празници, а во тоа и помогна нејзината единаесетгодишна ќерка Монро.
Монро и се придружи на нејзината мајка на сцената и тие го изведоа бројот во дует.
Мајката и ќерката носеа исти бели фустани и дијадеми за да изведат нумера од 19 век.
„Ова е моето мало девојче! Пред 11 години го добив како најголем подарок. Ова беше првпат дуото мајка-ќерка да настапи заедно, многу работевме за овие неколку минути“.
На почетокот на песната, Мараја го покажа својот вокален опсег и некои од нејзините препознатливи тонови на свиркање пред Монро да го отпее почетниот стих.
Публиката со ентузијазам ја прифати Монро, чиј глас многу потсетува на гласот на нејзината мајка.