Јунајтед Груп, водечкиот давател на телекомуникациски и медиумски услуги во Југоисточна Европа, со гордост го споделува својот Извештај за одржливост за 2022 година. Извештајот ја демонстрира цврстата посветеност на Јунајтед Груп за управување со животната средина, општествената одговорност и одржливите деловни практики.
Главните достигнувања во 2022 година вклучуваат:
● Посветеност кон нула емисии низ целиот наш синџир на вредности до 2040 година.
● Подобрување на енергетската ефикасност од 17% во 2022 година и намалување за 19% на емисиите од опсегот 1 и 2 од 2020 година.
● 109.532 MWh обновлива електрична енергија произведена од наши извори, што претставува повеќе од една четвртина од нашата вкупна потрошувачка на електрична енергија.
● Рециклирани над 736 тони батерии, кабли и електрична опрема.
● 52% од лидерските улоги во Групацијата ги имаат жените.
Јунајтед Груп ја препознава важноста на транспарентноста и отчетноста во решавањето на глобалните прашања за климатските промени, социјалната еднаквост и одговорното корпоративно граѓанство. Јунајтед Медиа, водечката медиумска компанија во регионот, емитува 55 канали во 8 земји, достигнувајќи над 40 милиони гледачи. Се залага за независно, квалитетно новинарство. Јунајтед Груп ја промовира и брани слободата на медиумите, вклучително и слободата на печатот, играјќи витална улога во борбата против „лажните вести“.
Годишниот извештај за одржливост им дава на засегнатите страни, вклучувајќи ги клиентите, инвеститорите и партнерите, непроценливи сознанија за иницијативите, достигнувањата на компанијата и континуираните напори за позитивно влијание.
Во текот на 2022 година Групацијата постигна значителен напредок во следните области:
• Иницијативи за животна средина: Јунајтед Груп презеде чекори за да го минимизира својот еколошки отпечаток. Ова вклучува мерки за енергетска ефикасност, програми за намалување на отпадот и промоција и развој на обновливи извори на енергија.
• Општествена одговорност: Јунајтед Груп има развиено сеопфатни политики за поттикнување на различноста, еднаквост и вклучување во рамките на нејзината работна сила и поддршка на иницијативите за развој на заедницата. Понатаму, Јунајтед Груп игра клучна улога во регионот за да ја направи дигиталната технологија достапна за сите.
• Етички деловни практики: Јунајтед Груп ги одржува највисоките етички стандарди во сите аспекти на своето работење, од заштита на податоците, до управување со синџирот на снабдување до односи со клиенти.
• Иновации за одржлива иднина: Јунајтед Груп е во првите редови на дигиталната трансформација во Југоисточна Европа, развивајќи иновативни решенија и технологии во критични области како што е управувањето со податоци за да придонесе за поодржлив и меѓусебно поврзан свет.
Миријам Ди Траглија, извршна директорка за усогласеност, ризик и одржливост на Јунајтед Груп, изјави: „Нашата примарна мисија останува да обезбедиме критична дигитална инфраструктура и услуги кои овозможуваат брз и сигурен пристап до информации и знаење, што е основа на многу од целите за одржлив развој на Обединетите нации. Нашиот годишен извештај за одржливост ја олицетворува нашата постојана заложба за ефектуирање на позитивни промени на глобално ниво. Како телекомуникациска и медиумска компанија, ја препознаваме нашата единствена улога во обликувањето на поодржлива и поповрзана иднина“. За да пристапите до целосниот Годишен извештај за одржливост, посетете ја веб страницата.
За Јунајтед Груп
Јунајтед Груп со седиште во Холандија е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Активна во осум земји, компанијата има повеќе од 15,5 милиони корисници и речиси 15.000 вработени. Таа генерира речиси 2,7 милијарди евра годишни приходи. Јунајтед Груп има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивниот избор на ТВ содржини од целиот свет. Значајните инвестиции во дигиталната инфраструктура, содржината и технологијата обезбедуваат извонредност на производите и услугите што ги обезбедува на клиентите. Јунајтед Груп е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите светски инвестициски компании, од март 2019 година.
ПР текст
Текстот Годишниот извештај за одржливост на Јунајтед Груп покажува значајни чекори напред во однос на еколошката и социјалната одговорност е превземен од МАКФАКС.