Лејла Филиповиќ на Инстаграм објави фотографија на која позира со сопругот Тарик, а во емотивна објава му го честиташе 52-от роденден.
„Понекогаш талкам, понекогаш лутам, секогаш си таму да ми подадеш рака. Сè уште си мир на моите неволји. Ти сепак си центар на вселената“, се стиховите на песната која Лејла му ја посвети на Тарик.
„Среќен роденден, љубов“, напиша таа покрај фотографијата на која насмеани позираат покрај торта, а Тарик на Инстаграм напиша дека годините за него се само бројка.
„Во мојот случај, две едноцифрени комбинирани во „повеќе“… 5 и 2… по тој редослед… да продолжиме понатаму“, заклучи тој.