Бијонсе го објави долгоочекуваниот албум Cowboy Carter, кој веќе стана популарен, а потоа исчезна од сцената, пишува „Пејџ сикс“. Според таблоидот, на американската музичка индустрија не ѝ е јасно која е причината, а некои шпекулираат дека тоа би можело да биде Диди.
Имено, нејзиниот сопруг Џеј Зи е долгогодишен пријател на раперот, а јавноста неодамна ја потресе скандалот во кој Диди беше обвинет од многу жени за сексуална злоупотреба.
View this post on Instagram
„Нешто се случува. Албумот беше хит, беше број еден насекаде, а сега и албумот и неа ги нема“, вели изворот.
„Ова требаше да биде времето на Бијонсе со оглед на тоа што нејзиниот долгоочекуван кантри-албум излезе пред два месеца. А сепак, неа никаде ја нема, се крие во глувчешка дупка. Албумот пропадна, Џеј и Б. не уживаат под светлата на рефлекторите“, додава инсајдерот.