Теа Таировиќ ќе одржи ексклузивен концерт на 30 ноември во „Арена Борис Трајковски“ – Скопје.
Концертот е во склоп на нејзината голема турнеја која ќе стартува на 21 септември во Белград, а ќе го носи насловот “Neka noćas gori Balkan”, по стиховите на нејзиниот хит – “Hajde”. Првиот датум за концертот во Белград се распродаде во рекордно брзо време, па Теа закажа и втор концерт, ден подоцна.
Младата музичка ѕвезда која само со два албуми успеа да се позиционира на врвот на музичката сцена, неодамна го објави својот најнов, трет по ред студиски албум „Теа“. И на овој албум, исто како и на претходните, Теа Таировиќ се потпишува како автор на поголемиот дел од песните, што за неа претставува огромен предизвик, но и задоволство.
Со оглед на тоа што Теа е голем перфекционист, на кој освен песните, подеднакво важен и е сценскиот настап, таа за концертот во Скопје подготвува и посебни кореографии кои ќе ја остават публиката без здив.
Теа ветува посебен концерт во свој стил. Затоа, заокружете го 30 ноември, датумот кога домашната публика ќе ужива во концертниот спектакл на една од најголемите музички ѕвезди во регионот – Теа Таировиќ.
Картите за концертот се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.