Меџик Џонсон се сретна со Дивац во Црна Гора: српскиот кошаркар ја однесе легендата на НБА на посебно место

Не е првпат еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, Меџик Џонсон, да летува во Бока Которска, а очигледно е дека тоа му се допаднало, па решил повторно да дојде на Јадранот.

Овојпат друштво му правеше и поранешниот соиграч и легенда на српската кошарка Владе Дивац со кој се дружеше во Црна Гора, а со воодушевен коментар сподели и низа снимки и фотографии, пишува „Нова спорт“.

Дивац ги угости него и неговите пријатели, а местото каде што ги однесе особено го воодушеви Меџик.

„Фатен со поранешниот соиграч од Лејкерс и член на куќата на славните Владо Дивац вечерва во Црна Гора! Ме покани мене и Куки, нашите гости Родни и Холи и Мајек и Наташа, на вечера во хотелот Мамула Ајленд во Црна Гора. Тоа беше стара тврдина која беше претворена во луксузен хотел и беше отворена пред две години. Вечерата и истражувањето на имотот беше едноставно неверојатно! На сите во Црна Гора им препорачувам да погледнат!“, напишал Меџик во описот на фотографијата, пренесе Нова.рс.

Од фотографиите се гледа дека тој и Дивац добро се забавувале, а Џонсон објави и неколку снимки од островот Мамула, кој некогаш бил концентрационен логор на фашистичкиот режим на Мусолини за време на Втората светска војна, а сега е претворен во луксузен хотел.

Scroll to Top