Почина најстариот брат на Мајкл Џексон

Тито Џексон, најстариот брат на Мајкл Џексон, почина на 70-годишна возраст.

Според долгогодишниот семеен пријател и менаџер Стив Менинг, Тито бил на пат од Ново Мексико за Оклахома кога починал.

Иако официјалната причина за смртта допрва треба да биде објавена, Менинг изјави за Entertainment Tonight дека верува оти Тито доживеал срцев удар, пренесува Index.hr.

Тито последните неколку дена е на турнеја низ Европа со своите браќа Марлон и Џеки, каде на крајот на минатата недела ја објави својата последна објава на Инстаграм. На фотографијата се гледа како браќата му оддаваат почит на Мајкл Џексон.

„Пред нашето шоу во Минхен, моите браќа Џеки, Марлон и јас го посетивме споменикот на нашиот сакан брат Мајкл Џексон. Ви благодариме што го одржувавте неговиот дух во живот“, напиша тој.

Тито, вистинско име Торијано Адарил Џексон, беше американски музичар. Тој беше оригинален член на Џексон Фајв, кои се прославија во доцните 1960-ти и 1970-ти. Групата ги освои срцата на публиката ширум светот со хитовите како I Want You Back, ABC и I’ll Be There.

За време на неговата кариера, тој беше номиниран за три Греми награди и беше примен во Рокенрол Куќата на славните како член на Џексон Фајв. Тито ја започна својата соло кариера во 2003 година настапувајќи како блуз музичар.

Scroll to Top